ОК “ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ“

Leagues
Прва Државна лига - жени
Seasons
2018/2019
Сала
СС “Д-р. Јован Калаузи“ - Битола

ОК ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ

#ИграчПозиција
1Жабјановска ТамараТехничар / Setter
2Андоновска ТеодораСреден блокер / Middle Blocker
3Марковска МатејаТехничар / Setter
4Стојановска СимонаСреден блокер / Middle Blocker
5Глумац ЈованаКоректор / Opposite
6Димовска СараПримач / Outside Hitter
7Шехи Ана МаријаПримач / Outside Hitter
8Димовска ИзабелаКоректор / Opposite
9Лумбуровска ЛеонидаЛиберо / Libero
10Петличковска СофијаПримач / Outside Hitter
11Богдановска ТеонаТехничар / Setter
12Стојановска АндрејаПримач / Outside Hitter
13Ристевска АњаКоректор / Opposite
14Белокозовска ИванаКоректор / Opposite
15Ангелин ДимитраСреден блокер / Middle Blocker
16Пејовска АнаПримач / Outside Hitter
17Василевска ЈанаПримач / Outside Hitter
18Димитриевска ИвонаСреден блокер / Middle Blocker
19Ристевска ЈованаПримач / Outside Hitter
20Ристевска ЈанаПримач / Outside Hitter
21Стојановска АнгелаСреден блокер / Middle Blocker
22Маркоска МаријаЛиберо / Libero
23Кочовска НадицаПримач / Outside Hitter

Тренер / Assistant coach Трифуновски Владимир

Роден/a
23.03.1965

Тренер / Assistant coach Митковски Роберт

Роден/a
27.08.1979

Тренер / Assistant coach Димовски Александар

Роден/a
19.03.1981

Тренер / Assistant coach Темелковски Александар

Роден/a
21.10.1982

 

ОК Пелистер Волеј You Tube

Одбојкарскиот клуб „Пелистер волеј“ е формиран на 15 март 2011 година, со одржување основачко собрание, кога беше донесен Статут на клубот и беа избрани раководните органи. Името го доби според Одбојкарскиот клуб „Пелистер“ којшто се натпреваруваше во Втората македонска машка одбојкарска лига во средината на деведесеттите. Основачи на клубот се: Роберт Митковски, Владимир Трифуновски, Александар Темелковски, Зоран Бошевски и Владимир Ангеловски, а за прв претседател беше избран Александар Темелковски.

Првично, „Пелистер волеј“ се натпреваруваше во младинските лиги во машка конкуренција, а од 2013-та учествуваше само во младинските женски лиги. Во сезоната 2016/17-та, клубот првпат настапи во највисок натпреварувачки ранг – Првата државна лига (жени).

Во досегашната историја, клубот имаше повеќе репрезентативки на Македонија. Теодора Андоновска беше прва одбојкарска репрезентативка од Битола од осамостојувањето, а дресот со националниот грб го носеа и Симона Стојановска, Ана Пејовска, Софија Петличковска и Матеја Марковска. Во индивидуалните успеси е забележан и ангажманот на Роберт Митковски кој беше помошник тренер на младинската репрезентација на Македонија на Балканскиот шампионат во Чачак, Србија, во 2018.

Позначајни достигнувања:

- Вицешампионки во младинска категорија во сезоната 2017/18 и бронзени во 2016/17

- Вицешампионки во кадетска категорија во сезоната 2015/16

- Бронза во пионерска конкуренција во сезоната 2017/18