
- Leagues
- Прва Државна лига - жени
- Seasons
- 2018/2019, 2019/2020, 2020/2021
- Сала
- СС “Д-р. Јован Калаузи“ - Битола
ОК ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ
Тренер / Assistant coach Трифуновски Владимир
- Роден/a
- 23.03.1965
Тренер / Assistant coach Митковски Роберт
- Роден/a
- 27.08.1979
Тренер / Assistant coach Димовски Александар
- Роден/a
- 19.03.1981
Тренер / Assistant coach Темелковски Александар
- Роден/a
- 21.10.1982
Одбојкарскиот клуб „Пелистер волеј“ е формиран на 15 март 2011 година, со одржување основачко собрание, кога беше донесен Статут на клубот и беа избрани раководните органи. Името го доби според Одбојкарскиот клуб „Пелистер“ којшто се натпреваруваше во Втората македонска машка одбојкарска лига во средината на деведесеттите. Основачи на клубот се: Роберт Митковски, Владимир Трифуновски, Александар Темелковски, Зоран Бошевски и Владимир Ангеловски, а за прв претседател беше избран Александар Темелковски.
Првично, „Пелистер волеј“ се натпреваруваше во младинските лиги во машка конкуренција, а од 2013-та учествуваше само во младинските женски лиги. Во сезоната 2016/17-та, клубот првпат настапи во највисок натпреварувачки ранг – Првата државна лига (жени).
Во досегашната историја, клубот имаше повеќе репрезентативки на Македонија. Теодора Андоновска беше прва одбојкарска репрезентативка од Битола од осамостојувањето, а дресот со националниот грб го носеа и Симона Стојановска, Ана Пејовска, Софија Петличковска и Матеја Марковска. Во индивидуалните успеси е забележан и ангажманот на Роберт Митковски кој беше помошник тренер на младинската репрезентација на Македонија на Балканскиот шампионат во Чачак, Србија, во 2018.
Позначајни достигнувања:
- Вицешампионки во младинска категорија во сезоната 2017/18 и бронзени во 2016/17
- Вицешампионки во кадетска категорија во сезоната 2015/16
- Бронза во пионерска конкуренција во сезоната 2017/18